Плоштад Цар Самоил бр.20 7310 Ресен • 047/551-770

Општина Ресен

ИнформацииСоопштенијаНовости

Одржана Конституивната седница на Совет на Општина Ресен

Одржана Конституивната седница на Совет на Општина Ресен

Денес се одржа конституивната седница на Советот на Општина Ресен, на која се избра Претседател на Советот на Општина Ресен. Во наредните четири години прв меѓу еднаквите во општинскиот совет ќе биде Д-р Менде Пашковски кој доаѓа од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “За Подобра Mакедонија”.

Претходно седницата ја отвори највозрасниот советник Кицо Нонкуловски, а на истата се изврши верификација на мандатите на советниците и беше формирана Комисја за мандатни прашања, избори и именувања.

На Советниците им се обрати и Градоначалникот М-р Ѓоко Стрезовски кој им посака плодна и одговорна работа во интерес на граѓаните на Општина Ресен.

Во новиот Општински Совет на Ресен кој брои 15 членови, 8 советници доаѓаат од редот на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “За Македонија Заедно”, 3 од редот на СДСМ и коалицијата” Сојуз за Иднината”, 3 од независна листа и еден советник од ДУИ.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
ИнформацииСоопштенијаНовости
Јавен повик ЈКП
СоопштенијаНовости
Јавен повик – првачиња
СоопштенијаНовости
Јавен повик ЈКП
СоопштенијаСедници на советНовости
Решение за свикување на 14-тата Седница на Советот на Општина Ресен