Ја свикувам 26 -та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 14.03.2023 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 24-та седница
– Усвојување на записникот од 25-та седница
- Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2022 година.
- Годишен извештај по годишна сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2022 година.
- Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2023 година.
- Предлог-Одлука за давање на парична помош за настраданите во земјотресите во Република Турција и Сирија.
- Програмски и Финансиски извештај на Општинска Установа Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен за 2022 година.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ОУ ,,Славејко Арсов’’ – Подмочани.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с.Љубојно.
- Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2022/2023 година во ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.
- Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2022/2023 година во ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.
- Програми за изведување на екскурзии во трето и деветто одделение во учебната 2022/2023 година во ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор
- Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2022/2023 година во ОУ ,,Димитар Влахов – с.Љубојно.
- Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2022/2023 година и еднодневен пролетен излет за учениците од прво до деветто одделение во ОУ ,,Славејко Арсов“ – с.Подмочани.
- Извештај по Годишна сметка на ЈКП ,,Пролетер’’ Ресен за 2022 година.
- Извештај за работењето на Р.Е Јавно прометни површини за 2022 година.
- Извештај за работата на градските гробишта во Ресен во 2022 година.
- Извештај за работата на системот за пречистување на отпадни води во 2022 година.
- Извештај за реализација на Програмата за одржувње на комунална хигиена за 2022 година.
- Извештај за работењето на градскиот пазар во Ресен во 2022 година.
- Извештај за работењето на канализационата мрежа во 2022 година.
- Предлог-Одлука за редовно ажурирање на „ Процената на загрозеноста на подрачјето на Општина Ресен од сите ризици и опасности“.
- Предлог- Одлука за утврдување на цени за користење термини и простор за реклами (паноа) во спортските сали на Општина Ресен.
- Предлог – Одлука за финансиско учество во реализација на Проектот-Изработка на техничка документација за реконструкција на линиски објекти-Реконструкција на локален пат од мост на Голема река до с. Златари.
- Предлог – Одлука за финансиско учество во реализација на Проектот-Поголема конкурентност на Пелагонискиот регион преку инвестиции во локалната патна инфраструктура (Реконструкција на патната инфраструктура на улиците „4ти јули“, Милан Думов и Наум Божиновски).
Предлог- Програма за дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2023 година.