Ја свикувам 18-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 31.10.2022 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од претходната седница
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2022 година – 30.09.2022 година (трет квартал)
- Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2022 година.
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2022 година.
- Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за ЈД-Изградба и реконструкција на локални патишта ЈД0-изградба ,реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Ресен за 2022 година.
- Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2022 година.
- Предлог- Правилник за измена на Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост.
Решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог-Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2023 година.