Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Ја свикувам 14-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 18.08.2022 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

– Усвојување на записникот од 13 -та седница

Предлог- Измени и доплнувања (Ребаланс) на Буџетот на Општина Ресен за 2022 година.
Предлог – Одлука за извршување на отпис на должничките салда на непостоечки-избришани фирми на правни субјекти и трговци поединци како и на неправилно задолжени јавни установи, јавни претпријатија и непрофитни организации по основ на комунална такса за истакнат назив на фирма односно деловна просторија
Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици цо СОУ„ Цар Самоил“ Ресен за учебната 2022/2023 година.
Советнички прашања.

Бр.08-1887/1 Претседател 11.08.2022 година Ирена Стрезовска Кукуловска с.р.
Ресен