Дезинсекција 2ра фаза

СООПШТЕНИЕ

ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ВТОРА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНАРЕСЕН

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Ресен за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општината, Општина Ресен го издава следново соопштение:

Се известуваат граѓаните на подрачјето на Општина Ресен дека на ден 10.08.2022 г. (Среда), ќе се спроведува ВТОРА ФАЗА од теристичката(од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило, со предходница од друго возило означено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, крајбрежното подрачје со посебен осврт на туристичките локалитети: Стење, Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени и селата: Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Асамати, Штрбово, Наколец, течението на реките Брајчинска, Кранска, Голема Река и колекторскиот систем во село Езерани, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Ресен, локалитети со застојни водени површини и сите урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.