Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 11-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 25.05.2022 година (Среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
– Усвојување на записникот од 10 -тата седница
1. Предлог- Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2022 година.
2. Збирен извештај за проценетата штета од природна непогода –врнежи од град на територијата на Општина Ресен во 2021 година.
3. Предлог- Одлука за утврдвање на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња.
4. Предлог- Програма за измени и дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2022 година.
5. Предлог- Програма за измени и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен за 2022 година.
6. Предлог- Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен за време на одржување на манифестации.
7. Заклучоци од одржаната обука на Комисиите за еднкави можности помеѓу жените и мажите.
Напомена: Материјалите по точките 2 и 4 од дневниот ред дополнително ќе Ви бидат доставени.
Бр.08 – 1204/1 Претседател
18.05.2022 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен