Ја свикувам 8-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 14.03.2022 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од претходната седница
- Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2021 година.
- Годишен извештај по годишна сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2021 година.
- Програмски и Финансиски извештај на Општинска Установа Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен за 2021 година.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2021 година на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2021 година на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2021 година на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2021 година на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2021 година на ОУ ,,Славејко Арсов’’ – Подмочани.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2021 година на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2021 година на ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с.Љубојно.
- Извештај по Годишна сметка на ЈКП ,,Пролетер’’ Ресен за 2021 година.
- Извештај за работењето на канализационата мрежа во 2021 година.
- Извештај за работата на градските гробишта во Општина Ресен за 2021 година.
- Извештај за работата на системот за пречистување на отпадни води во 2021 година.
- Извештај за безбедносната состојба на подрачјето на ПС Ресен од ОН Ресен за 2021 година.
- Предлог – Одлука за утврдување на финансиско учество во реализација на предлог -проектот „Младински Преспа Хаб“
- Предлог- Правилник за измена на Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост.
- Предлог- Програма за изменување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2022 година
- Извештај за реализација на програмата за изградба и реконструкција на локални улици и патишта за 2021 година.
- Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор во СОУ “Цар Самоил“ Ресен.
Решение за разрешување и именување на членови во Упрвиот одбор во ЈОУДГ “11 ти Септември “ Ресен.