Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Ја свикувам 6-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.01.2022 година (петок ) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

– Усвојување на записникот од 4-та  седница

– Усвојување на записникот од 5- та  седница

 

  1. Предлог- Одлука за одредување на вредноста на градежно земјиште за градот Ресен и селата во Општина Ресен и за одредување на вредноста на земјоделското земјиште по катастарски општини.
  1. Извештајот за работа на Оделението за инспекциски надзор-Инспекторат за 2021 година.

 

 

  1. Решение за именување на член на Училишен одбор при СОУ “Цар Самоил “ Ресен.

 

  1. Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУ Дом на култура“Драги Тозија“ Ресен.
  2. Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор во ЈКП „ Пролетер “ Ресен

 

  1. Решение за разрешување и именување на членови во Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈКП „Пролетер’’ – Ресен.

 

  1. Предлог – Програма за дополнување на Програмата Ф – 10 Урбано планирање Ф10 – Урбанистичко планирање, Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2022 година

Советнички прашања.