Врз основа на член 1 и 4 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен Весник на РМ“ бр.61/04…192/15 год.), член 29 од Законот за даноците на имот („Службен Весник на РМ“ бр.61/04…151/21 год.) и член 1 и 4 од Законот за комунални такси („Службен Весник на РМ“ 61/04..151/21 год.), како и соодветните Одлуки на Советот на Општина Ресен, донесени согласно горните законски одредби и објавени во Службените гласници на Општина Ресен, Градоначалникот на Општина Ресен, го објавува следниов:
Ј А В Е Н ПО В И К
за поднесување на даночни пријави за 2022 година
1.ДАНОК НА ИМОТ
-Обврзник на данокот на имот е правно или физичко лице сопственик, корисник односно плодоуживател на имотот, а повеќе сопственици на својот сразмерен дел на сопственост;
-Согласно Законот за изменување и дополнување на законот за даноците на имот Законот за даноците на имот („Службен Весник на РМ“ бр.61/04…151/21 год.) кој се применува од 01.01.2022 година се пријавува следниов недвижен имот:
а)Земјиште (земјоделско-кое не се обработува, градежно, шуми и пасишта).Стапките на данокот на имот за земјоделско земјиште кое не се користи за земјоделско производство се зголемуваат три пати во однос на пропишаните стапки.
б)Едностамбени и повеќестамбени објекти за домување, гаражи, деловни згради и деловни простории, други објекти, како и инсталациите подигнати врз или под нив и трајно споени со нив.Стапките на данокот на имот кој не се користи од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година се зголемуваат за три пати во однос на пропишаните стапки.
НАПОМЕНА: Даночните обврзници кои нема да пријават дека не користат недвижен имот кој е во нивна сопственост, ќе платат данок по стапка пет пати повисока од пропишаните стапки.
-Даночната обврска за данокот на имот настанува со денот на стекнување на имотот, издавањето на одобрението за употреба на недвижниот имот од надлежен орган или од денот на отпочнување на користење на имотот од страна на обврзникот на данокот;
-Со член 8 од Законот за даноците на имот регулирани се даночните ослободувања;
Согласно член 29 од Законот за даноците на имот обврзникот е должен да поднесе даночна пријава до општинската администрација најдоцна до 31 Јануари 2022 година;
Посебно се повикуваат:
-даночните обврзници на данокот на имот кои досега воопшто немаат поднесено даночна пријава,
-даночните обврзници на данокот на имот кои имаат промени во сопственоста, доградби или надградби на градежните објекти,
– даночните обврзници кои поседуваат земјоделско земјиште кое не го обработуваат,
– даночните обврзници кои поседуваат недвижен имот , а кој не го користат или издаваат под закуп подолго од шест месеци во текот на една година,
-даночните обврзници на данокот на имот кои не ги имаат измирено даночните обврски.
2.ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК
-Обврзникот на данокот на наследство и подарок е правно или физичко лице резидент на Република Македонија кое наследува имот или прима подарок, како и странско физичко или правно лице – нерезидент на Република Македонија на имотот што го наследува или прима на подарок на територијата на Република Македонија;
-Согласно член 15 од Законот обврската настанува во моментот на правосилноста на решението на наследување, а за данокот на подарок настанува со денот на склучување на договорот за подарок;
-Обврзниците на данокот на наследство и данокот на подарок се должни даночните пријави да ги поднесат во рок од 15 дена од настанувањето на даночната обврска;
3.ДАНОК НА ПРОМЕТ СО НЕДВИЖНОСТИ
-Обврзникот на данокот на промет на недвижности е правно или физичко лице продавач на недвижноста;
-Доколку со договорот е поинаку речено обврзникот може да биде и купувачот на недвижноста;
-При замена на недвижности обврзник на данокот е учесникот кој во замената дава недвижност од поголема вредност;
-Ако се продава идеален дел од сопственост на недвижност, даночен обврзник е секој сопственик посебно;
-При спроведување на договор за доживотна издршка, обврзник на данокот е примателот на недвижноста односно неговите наследници;
-При продажба на недвижност во стечајна и извршна постапка, како и при реализација на договори за хипотека, даночен обврзник може да биде и купувачот на недвижноста;
-Обврзниците на данокот на промет се должни даночната пријава да ја поднесат во рок од 15 дена од денот на настанување на даночната обврска;
4.КОМУНАЛНИ ТАКСИ
-Комуналните такси се плаќаат за користење на определени права, предмети и услуги од јавен интерес од локално значење од страна на правните и физичките лица кои вршат дејност и од граѓаните;
-Комуналните такси се плаќаат според Тарифата за комунални такси составен дел на Законот за комунални такси и Тарифата утврдена со Одлука на Советот на Општина Ресен;
-Обврска за плаќање на комуналната такса настанува во моментот на користење на правото, предметот или услугата за кои е пропишано плаќање на такса;
-Доколку настанат промени кои доведуваат до плаќање на комунална такса обврзникот за тоа е должен во рок од 15 дена да поднесе даночна пријава, а доколку тоа не го сторат комуналната такса се зголемува за 30%;
-Обврзниците на комуналната такса од член 3 став 1 точка 5 (држење на музика во јавни локали) должни се пријавата да ја поднесат во рок од 5 дена од денот на приемот на одобрението за користење на музика.
Даночните пријави од точките 1,2,3 и 4 од овој Јавен повик се поднесуваат до општинската администрација на Општина Ресен надлежна за даноците.
Доколку физичките и правните лица обврзници на данокот според точките 1,2,3 и 4 од овој повик не поднесат даночна пријава до општинската администрација, ќе се превземат сите дејствија околу облогот, присилната наплата, прекршочната постапка и сите други правни дејствија утврдени со погоре цитираните Закони и Одлуки на Советот на општината.
Општина Ресен
Бр.15-2597/1 Градоначалник,
24.12.2021 год. Јован Тозиевски с.р.