ГРАДОНАЧЛНИК

Биографија

Кратка биографија на градоначалникот на Општина Ресен.

Јован Тозиевски е роден на 04 септември 1983 година во Битола. Сопруг и татко на
три деца.
Јован Тозиевски е дипломиран економист со долгогодишно искуство во јавниот сектор
и локалната самоуправа. Својата кариера ја започнува како волонтер во
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица
Ресен, а потоа работи во Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ – Ресен.
Во периодот од 2013 до 2021 година, ја извршува функцијата член на Советот на
Општина Ресен од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2021 година е избран за Градоначалник на Општина Ресен од редовите на
ВМРО–ДПМНЕ, а во 2025 година го започнува својот втор мандат на оваа функција.
Активно зборува англиски јазик. Негово хоби е скијањето. Јован Тозиевски е млад и
динамичен политичар, кој е отворен и достапен за сите граѓани на Општина Ресен.
Поседува високи организациски и аналитички способности, а работата ја извршува
транспарентно, одговорно и професионално. Тој е чесна, стручна и доверлива личност,
која успешно делува самостојно или како дел од тим.

 

Надлежности

1. Ја претставува и застапува општината;
2. Ја контролира законитоста на прописите на советот;

3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;

4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот,

5. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;

6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;

7. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;

8. Го извршува буџетот на општината;

9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;

10. Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;

11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси иа правни и физички лица, во согласност со закон;

12. Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;

13. Раководи со општинската администрација;

14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон.

15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот 

16. Врши други работи утврдени со закон и со статутот.

(2) Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.

ПРИЈАВИ
ПРОБЛЕМ

ПРИЕМЕН ДЕН
ОД 10:00 ДО 13:00

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ

НА ПЕЛАГОНСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН