Министерството за внатрешни работи – ги известува граѓаните дека на ден 01.07.2021 година Четврток заради одржување на настан „Преспа форум – дијалог“ во Отешево СВР Битола-ОВР Ресен ќе превземи мерки за посебен режим на сообраќај на подрачје на општина Ресен посебно на следните патни правци:
1. Магистрален пат А-3 делница Ѓавато – Ресен – Буково
2. Регионален пат Р-1101 Макази-Царев двор
3. Регионален пат Р-1307 Ресен-Царев двор-до м.в Царина
За таа цел МВР апелира до граѓаните – учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници.
СВР-Битола-ОВР Ресен апелира до земјоделците и останатите граѓани на наведениот ден да не ги користат своите земјоделски и работни машини на подрачје на Ресен.