Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 68-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.06.2021 година (Среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 66 та седница
- Предлог – Одлука за намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) и овластување за потпишување на Иницијален договор.
- Годишен Извештај за работењето на Центарот за развој на Пелагониски Плански Регион за 2020 година.
- Годишен Извештај за спроведување на Програмта за развој на Пелагониски Плански Регион од страна на Центарот за развој на Пелагониски Плански Регион за 2020 година.
- Годишен план за вработување за 2022 год. во ОУ „Славејко Арсов“ с. Подмочани.
- Годишен план за вработување за 2022 год. во ОУ „Гоце Делчев“ Ресен
- Советнички прашања.
Напомена: Записникот од 67- мата седница дополнително ќе Ви биде доставен.
Бр.08- 1276/1 Претседател 23.06.2021 година Никола Станковски
Ресен