Плоштад Цар Самоил бр.20 7310 Ресен • 047/551-770

Општина Ресен

Одделение за администрирање на даноци такси и надоместоци

Одделение за администрирање на даноци такси и надоместоци

 

Одделение за администрирање на даноци, такси и надоместоци, ги врши работите што се однесуваат на:

  • прибирање и следење на прибирањето на сопствените приходи на буџетот на општината,
  •  утврдување и наплата на сопствените приходи,
  • администрирање на локалните даноци и комуналните такси на општината,
  • усогласување на состојбата во даночната евиденција,
  • евидентирање на задолжувањата и раздолжувањата на даноците, таксите и подготвува завршна сметка за овие приходи,
  • присилна наплата на даночен долг, парична казна и камата,
  •  водење на регистар на недвижен и подвижен имот на општината,
  •  следење и применување на прописите што се однесуваат на утврдување на данокот на промет на недвижности и права, данок на наследство и подарок, и комунални такси,
  •  водење на управна постапка и врши и други работи во согласност со закон и други прописи од оваа област и
  •  пресметува висината на даноците по даночни обврзници
  • дава предлози за определување на висината на ставката во согласно со законот
  •  анализа во областа во која има надлежност и му предлага на советот, неговите работни тела и Градоначалникот мерки за решавање дава извештаи за состојбата со висината на облогот и наплатата
  •  и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.