Свикана 37-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 20.09.2019 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен
Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 37-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 20.09.2019 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 30-та седница
– Усвојување на записникот од 31-та седница
– Усвојување на записникот од 32-та седница
– Усвојување на записникот од 35-та седница
- Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2019 година.
- Предлог – Буџетски Календар на Општина Ресен за подготовка на Буџетот на Општина Ресен за 2020 година.
- Предлог – Одлука за организирање и реализирање на манифестацијата ,,Преспански јаболкобер 2019’’.
- Предлог – Одлука за доделување општински награди и признанија.
- Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен за време на одржување на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ 2019 година.
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на Општина Ресен.
- Годишна програма за работа на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен во учебната 2019/2020 година.
- Годишна програма за работа на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен во учебната 2019/2020 година.
- Годишна програма за работа на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор во учебната 2019/2020 година.
- Годишна програма за работа на ОУ ,,Славејко Арсов’’ – с. Подмочани во учебната 2019/2020 година.
- Годишна програма за работа на ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно во учебната 2019/2020 година.
- Годишен извештај за работата на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен во учебната 2018/2019 година.
- Годишна програма за работа на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен во учебната 2019/2020 година.
- Годишен извештај за работа на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен во 2018/2019 година.
- Годишна програма за работа на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен во 2019/2020 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за зголемување на бројот на деца во воспитни групи во ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен.
- Предлог- Програма за измена и дополна на програмата Ф – Урбано планирање Ф10 – Урбанистичко планирање изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2019 година.
- Предлог- Одлуказа отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ДУП за Измени и дополнувања на ДУП УЕ3 ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 3 во Ресен Општина Ресен.
- Предлог- Одлуказа Oтпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ЛУПД за Изградба на објект за производство на електрична енергија-фотоволтаична централа на КПбр.4562, КПбр.4560, КПбр.4559/1 и КПбр.4559/2 м.в.,, Црвен,, КО Ресен со намена Е2 (супраструктура).
- Предлог- Одлука за Oтпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ЛУПД за Изградба на објект за производство на електрична енергија-фотоволтаична централа на на КП бр. 2562, м.в.,, Трајкова Куќа,, КО Ресен со намена Е2 (супраструктура).
- Извештај за реализација на програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта за 2018 година.
- План за вработување за 2020 година на ЈОУДГ ,,11 септември’’ – Ресен.
- План за вработување за 2020 година на “Дом на културата Драги Тозија Ресен“.
- План за вработување за 2020 година на Општина Ресен.