ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА РЕСЕН

Во согласност со законот за заштита на населението од заразни болести, Ве известуваме дека во деновите 24.06.2019 г. (понеделник) и 25.06.2019 г. (вторник) ќе се спроведе ПРВА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција за уништување на комарците на територијата на Општина Ресен.


Во согласност со  законот за заштита на населението од заразни болести, Ве известуваме дека во деновите 24.06.2019 г. (понеделник) и 25.06.2019 г. (вторник) ќе се спроведе ПРВА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција за уништување на комарците на територијата на Општина Ресен. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставено на возило. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, крајбрежното подрачје со посебен осврт на туристичките локалитети: Стење, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени, као и селата Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Асамати, Штрбово, Наколец, течението на реките Брајчинска и Голема река  и  други локалитети каде што има застојни водни површини други локалитети предвидени во планот и програмата. Третирањето ќе се врши со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN. Во случај на пова на  неповолни временски услови (дожд, ветер), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.