Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 65-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 20.04.2021 година (вторник ) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 63 та седница
– Усвојување на записникот од 64 та седница
1. Предлог –Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2021 година .
2. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за проследување на барање на лимит рамка од банка во вредност од 200.000 евра на ЈКП Пролетер“Ресен.
3. Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом Ресен
4. Годишен план за вработување за 2022 год. во ОУ „Славејко Арсов“ с. Подмочани.
5. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Основното училиште „ Браќа Миладиновци“ с. Царев Двор за учебната 2020/2021 година.
6. Предлог-Одлука за отстапување и пренесување на правото на сопственост на патничко моторно возило на ЈКП „ Пролетер“ Ресен.
7. Советнички прашања.
Бр.08-811/1 Претседател 12.04.2021 година Никола Станковски
Ресен