Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 61-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.01.2021 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 58 та седница
– Усвојување на записникот од 59 та седница
– Усвојување на записникот од 60 та седница
- Извештај од спроведена функционална анализа во Јавна Општинската установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен, објект “Јаболче“
- Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на Јавна Општинската установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен
- Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација во ЈОУДГ „ 11-ти Септември“ Ресен
- Предлог-Одлука за давање на согласност на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „ 11-ти Септември“ Ресен
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2020 година – 31.12.2020 година (четврт квартал)
- Предлог-Одлука за одредување на вредноста на градежно неизградено земјиште за градот Ресен и селата во Општина Ресен и за одредување на вредноста на земјоделското земјиште по катастарски општини.
- Предлог- Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци за учество во финансирањето на Регионалниот центар за подршка на слепи лица и лица со oштетен вид за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци.
- Извештај за состојба од Пандемија со КОВИД -19 и нејзините импликации врз здравјето на граѓаните, социјалниот статус на определени граѓани и работењето на економските субјекти на територијата на Општина Ресен.
- Извештај за работата на Советот на Општина Ресен за период 2020 година.
- Решение за разрешување на член на училишен одбор при СОУ “Цар Самоил “ Ресен.
- Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом Ресен
- Барање за доделување на финансиска помош од Јасмина Чакар Андоновски.
- Извештај за постапката и реализацијата во Е-Урбанизам за период од Јануари до Декември 2020 година.