Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 60-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 29.12.2020 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 58 та седница
-Усвојување на записникот од 59 та седница
- Предлог – Буџет на Општина Ресен за 2021 година.
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2021 година.
- Предлог – Одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2021 година.
Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници во Општина Ресен за 2021 година.
- Предлог- Годишен план за вработување за 2021 година во ЈКП “Пролетер“ Ресен.
НАПОМЕНА:Записниците од 58 и 59 та седница дополнително ќе Ви бидат доставени.
Бр.08-2206/1 Претседател 22.12.2020 година Никола Станковски Ресен