Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 63-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 11.03.2021 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од претходната седница
1. Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2020 година.
2. Годишен извештај по годишна сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2020 година.
3. Извештај по Годишна сметка на ЈКП ,,Пролетер’’ Ресен за 2020 година.
4. Извештај за работењето на работни единици и сектори при ЈКП ,,Пролетер’’ – Ресен во 2020 година.
5. Финансиски извештај на Општинска установа Дом на култура „Драги Тозија“ за 2020 година.
6. Финансиски извештај по завршна сметка за 2020 година на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен.
7. Финансиски извештај по завршна сметка за 2020 година на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.
8. Финансиски извештај по завршна сметка за 2020 година на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.
9. Финансиски извештај по завршна сметка за 2020 година на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.
10. Финансиски извештај по завршна сметка за 2020 година на ОУ ,,Славејко Арсов’’ – Подмочани.
11. Финансиски извештај по завршна сметка за 2020 година на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор.
12. Финансиски извештај по завршна сметка за 2020 година на ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с.Љубојно.
13. Предлог- Програма за измена и дополна на програмата за иработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2021 година.
14. Предлог- Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на Урбанистички Проект Вон Опфат на урбанистички план за КПбр.386/1 м.в.,, Црна Земја,,КО Прељубје Општина Ресен.
15. Предлог- Одлука за Oтпочнување на постапка за пристапување кон донесување на Урбанистички Проект Вон Опфат на урбанистички план за КПбр.247/2 м.в.,, Грмашница,,КО Прељубје Општина Ресен.
16. Предлог- Одлука за Oтпочнување на постапка за пристапување кон донесување на Урбанистички Проект за стопански и индустриски намени на КП бр. 6179 во К.О. Ресен во ,,ГУП за град Ресен ,, Општина Ресен.
17. Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект кој се наоѓа на КП бр.4473/1 и КП бр.2625/1 во КО Ресен, на барање на АД Агроплод од Ресен.
18. Предлог- Одлука за редовно ажурирање на ,,Процената за загрозеноста на подрачјето на Општина Ресен од сите ризици и опасности’’.
19. Барање за финансиска помош од Борче Павловски од Ресен.
20. Барање за финансиска помош од МПЦ-OA Митрополија Преспанско Пелагониска Ресенско Архиерејско Намесништво Храм Света Троица Ресен.
Бр.08 462/1 Претседател:
04.03.2021 Никола Станковски
Ресен