Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен (“Службрн гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21), донесувам,

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

 

Ја свикувам 57-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 15.11.2024 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот

 Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 Усвојување на записникот од 55-та седница

Усвојување на записникот од 56-та (вонредна) седница

 

  1. Предлог- Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2025 година.
  2. Предлог- План на програми за развој на Општина Ресен за 2025-2027 година.
  3. Предлог- Одлука за основање на Општински Совет за социјална заштита.
  4. Разгледување на Барањето од раководителот на службата за Онкологија и Палијативна нега –Клиничка болница Битола.
  5. Предлог-Одлука за извршување на отпис на должничките салда на непостоечки-избришани  фирми на правни субјекти и трговци поединци  по основ на  комунална такса за  истакнат назив на фирма односно деловна просторија и данок на имот на правни лица

 

.

Бр.08-2194 /1                                                                            Претседател

08.11.2024 година                                                      Ирена Стрезовска Кукуловска

Ресен