Врз основа на Договорот за спроведување на Општинско корисна работа, помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Oпштина Ресен, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година усвоен од Владата на Република Македонија, како и активна мерка 7.1 – Општинско корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Буџетот на Oпштина Ресен, на ден 10.02.2026 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата – Општинско корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата – Општинско корисна работа, проект “Инклузивна Општина” за вклучување/работно ангажирање од 40 часа работен ангажман неделно во период од 18 (осумнаесет) месеци, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Ресен.
Евидентираните невранботени лица треба да имаат сертификат за стекнати вештини/ компетенции за занимања, согласно услугата која треба да се испорачува и ќе бидат вклучени во програмата и ќе бидат работно ангажирани со полно работно време од 40 работни часа неделно.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 18 месеци.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица активни баратели на работа.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 28.000,00 денари за времетраењето работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- Долгорочно невработени лица, активни баратели на работа,
- млади лица до 29 години,
- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност,
- самохрани родители.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
- Работно место: Медицинска сестра
Позиции за работно место: 1(еден),
Потребни квалификации и занимања: Емпатија, Комуникативност, Флексибилност, Толерантност, Психичка стабилност, Одговорност, Принципиелност, со Завршено минимум средно образование и стекнат сертификат за неговател, кандидатите треба да се активни баратели на работа.
- Работно место: Негователи на деца со попречености во домашни услови и надвор од Домот
Позиции за работно место: 2(два),
Потребни квалификации и занимања: Емпатија, Комуникативност, Флексибилност, Толерантност, Психичка стабилност, Одговорност, Принципиелност, со Завршено минимум средно образование и стекнат сертификат за неговател, кандидатите треба да се активни баратели на работа.
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Ресен во периодот од 10.02.2026 година до 16.02.2026 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Ресен и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Ресен кај лицето Илче Ристевски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Ресен кај лицето Лилјана Таневска, Центар за социјлна работа Ресен кај лицето Александра Јосифовска.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Јован Тозиевски

