Ј А В Е Н П О В И К

За пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен

Општина Ресен ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица  која се случи во период од 06.04.2025 до 10.04.2025 година, да ги пријават во просториите на Општина Ресен.

  1. Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади се добива во Општина Ресен или на веб страницата на Општина Ресен www.resen.gov.mk
  2. Покрај барањето секој барател во зависност од видот на претрпената штета треба да достави :
  • Фотокопија од имотен лист
  • Фотокопија од лична карта со Изјава за користење на личните податоци
  • Фотокопија од трансакциска сметка
  • Фотокопија од договор за закуп
  • Изјава заверена на Нотар дека се наследници или го користат имотот (само за приватно земјиште) за лица на кои не им се завршени правните односи со поделба или префрлување.
  1. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот, во периодот од 11.04.2025 година, заклучно со 30.04.2025 година во Општина Ресен.

11.04.2025 година                                                               Градоначалник

Ресен                                                                                   Јован Тозиевски

 

– Барање за надомест на штети 2025

 

Останатите документи (Изјави) може да ги подигнете на шалтерот на лице место каде што ќе го вршите пријавувањето.