Ј А В Е Н П О В И К За пријавување на штети од поплава

Општина Ресен ги повикува граѓаните кои имаат штета предизвикана од природна непогода – поплава на објекти, предмети и добра во домаќинството, која се случи во период од 07.01-08.01.2026 година, да ги пријават во просториите на Општина Ресен.

  1. Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен или на веб страницата на Општина Ресен www.resen.gov.mk

 

  1. Покрај барањето секој барател во зависност од видот на претрпената штета треба да достави:

 

  • Фотокопија од имотен лист,
  • Фотографии од оштетени објекти, предмети и добра во домаќинството (доколку има),
  • Фотокопија од лична карта,
  • Фотокопија од трансакциска сметка,
  • Фотокопија од договор за закуп,
  • Изјава за користење на лични податоци

 

  1. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот, во периодот од 12.01.2026 година, заклучно со 23.01.2026 година во Општина Ресен.

 

09.01.2026 година                                                               Градоначалник

Ресен                                                                                   Јован Тозиевски

 

 

Изјава лични податоци 2026

Барање за штети за поплави за 2026