Ј А В Е Н П О В И К За пријавување на штети од пожар

Општина Ресен ги повикува граѓаните кои имаат штети предизвикани од пожарот кој зафати делови од КО Асамати, КО Претор и КО Курбиново, кој се случи на ден 30.08.2025 година, да ги пријават во просториите на Општина Ресен.

  1. Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен или на веб страницата на Општина Ресен www.resen.gov.mk

 

  1. Покрај барањето секој барател во зависност од видот на претрпената штета треба да достави:

 

  • Фотокопија од имотен лист
  • Фотокопија од лична карта со Изјава за користење на личните податоци
  • Фотокопија од трансакциска сметка
  • Фотокопија од договор за закуп
  • Изјава заверена на Нотар дека се наследници или го користат имотот (само за приватно земјиште) за лица на кои не им се завршени правните односи со поделба или префрлување
  • Копија од Потврда за број на пчелни семејства.

 

  1. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот, во периодот од 11.02025 година, заклучно со 23.09.2025 година во Општина Ресен.

 

 

10.09.2025 година                                                               Градоначалник

Ресен                                                                                   Јован Тозиевски

Јавен повик Асамати, Претор и Курбиново