Врз основа на програмата Општинско – корисна работа на ден 01.08.2022 година Општина Ресен објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
Стари и изнемоштени лица како корисници на сервисни услуги во домашни услови и надвор од домот
Се повикуваат сите стари и изнемоштени лица кои живеат сами односно со својот брачен другар на кој им е потребна грижа, да се вклучат во програмата Општинско – корисна работа која што ги опфаќа следните услуги:
- Дневна нега на стари и изнемоштени
- Набавка на лекови
- Прошетка
- Помош при извршување на на секојдневните обврски
се со цел унапредување на квалитетот на животот на старите и изнемоштени лица и нивна инклузија во заедницата, како крајни корисници за користење на бесплатни сервисни услуги во домашни услови и надвор од домот, да се пријават во Општина Ресен во период од 03.08 до 09.08.2022 година.
Потребни документи:
- Пријава за учество во програмата Општинско – корисна работа
- Лична карта на увид
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Ресен кај лицето Јулијана Наумовска број на телефон 074-200-816, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“.