Општина Ресен организира јавна расправа за Нацрт Стратегија за локален економски развој 2023-2027.
Јавната расправа ќе се одржи на 16 Јуни 2023 година во 12:00 часот во малата сала на Општина Ресен.
Општина Ресен ги повикува сите заинтересирани да присуствуваат на истата.
На следниот линк можете да ја спуштите Нацрт Стратегија за локален економски развој 2023-2027
Ваши предлози, препораки или забелешки можете да доставите и на електронска пошта gradonacalnik@resen.gov.mk или krste.micalevski@resen.gov.mk не покасно од 16 Јуни 2023.