ЈАВЕН ПОВИК 01/2024 За добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз

Врз основа на чл.23 од  Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Ресен, бр.08-656/16 од 27.02.2015 год. општина Ресен објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

01/2024

За добивање на дозволи за вршење на општински

линиски превоз

 

  1. I. Предмет на јавниот повик е добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за следните линии:

 

Дел 1.  Назив на линија –  Ресен – Стење – Ресен (преку Царев Двор, Дрмени, Перово, Прељубје, Покрвеник, Волкодери, Шурленци, Сирхан, Отешево и Царина), за период  од 5 ( пет ) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз

Дел 2.  Назив на линија –  Ресен – Крушје – Ресен ( преку Јанковец, Избиште и Лева Река), за период  од 5 ( пет ) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз

Дел 3.  Назив на линија –  Ресен – Сопотско – Ресен, за период  од 5 ( пет ) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз

Дел 4.  Назив на линија –  Ресен – Евла – Болно – Ресен, за период  од 5 ( пет ) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз

Дел 5.  Назив на линија –  Ресен – Езерени – Ресен, за период  од 5 ( пет ) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз

Дел 6.  Сезонски линиски превоз на патници , 3 пакет линии,  и тоа: 1. Ресен – Т.Н.Отешево – Ресен, 2. Ресен – Т.Н.Претор – Ресен и 3. Ресен – Т.Н.Крани – Ресен, за период од 15 јуни 2025  до 31 август 2025.

 

  1. Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз:

 

– Да е впишан во Централниот регистар со регистрирано седиште на територија на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници или стока во патниот сообраќај;

 

-. да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за финансиски лизинг за возила со најмалку осум седишта несметајќи го и седиштето на возачот

–  да има вработено во работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по моторно возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;

– управителот или од него овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност на лице одговорно за превоз

– да има добар углед ( да достави доказ дека  нема изречена правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството, јавните финансии, вработување и социјалната сигурност, општата сигурност на луѓето, трговија со дрога или луѓе и од областа на безбедноста во јавниот сообраќај со казна затвор од една до десет години и  изречена прекршочна мерка на безбедност – забрана за вршење на професија, дејност или должност со казна од еден до десет години, за време на извршување на казната.)

– Да има во сопственост или со правно дело(договор) обезбеден простор за паркирање и одржување на возила со кои ќе се врши превозот.

– да достави лиценца и изводи од лиценцата за вршење Општински линиски превоз

III. Критериуми за доделување дозвола за вршење на општински линиски превоз:

во целост ги исполнува условите од точка II. од јавниот повик,

– возилата со кои ќе го врши превозот да исполнуваат најмалку Еуро 2 стандард

– ќе извршува превоз по  најниска цена (за секоја одделна линија)

– во случај две или повеќе понуди да се доставени со иста понудена цена, предност ќе има првоподенсената понуда

Почетна и крајна станица за влегување – слегување на патници ќе биде место кое дополнително ќе го определи Општина Ресен.

При вршење на општински линиски превоз на патници превозникот е должен во возилото да има лиценца,дозвола и регистриран возен ред во оригинал.

НАПОМЕНА: Превозниците се обврзани да ги земаат и оставаат патниците  од централните места во селските населби.

  1. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:

– полн назив, седиште и адреса на превозникот,

– матичен број и адреса на превозникот,

– број на линијата за која се однесува понудата,

– Превозникот пополнува задолжителни информации за исполнување на условите за добивање на превоз согласно законските прописи, како доказ дека се исполнети законските прописи од Законот за превоз на патници, превозникот внесува податоци за сите лиценцирани возила со кои располага регистрирани на име на фирма или за кои има договор за лизинг, број на регистрација, марка и тип на возилото, број на шасија, број на мотор, број на седишта, датум на важност на регистрација, потврда за исполнување на техничко – експлоатациони услови, податоци за возачите кои се во редовен работен однос, податоци за платени придонеси, висина на чинење на возниот ред за бараната линија како во еден правец така и за месечен возен билет.

– Ценовник за линијата за кој доставува понуда

– Возен ред со број на опслужувања

Документите можат да бидат доставени во оргинал или копии заверени на нотар  за докажување на исполнувањето на условите од точка 2 ( два ) од јавниот повик. (За поседување на бараните возила се  приложување на фотокопија од сообраќајната дозвола а за докажуавање на вработени се приложува М/1М2 образец)

НАПОМЕНА: Заинтересираните превозници – понудувачи, при составување на понудата треба да ја земат во предвид Одлуката за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на Општина Ресен бр.09-1139/1 (,,Сл. Гласник на општина Ресен‘‘ бр.6/2019 и бр.5/2022).

Заинтересираните превозници треба да ги достават понудите во затворени коверти со назнака за Јавен повик 01/2024, најдоцна до 27.08.2024 година до 12:00 часот на следната адреса: Општина Ресен – Комисија за спроведување на јавниот повик, Плоштад „Цар Самоил“, бр.20,Ресен.  .
Отворањето на понудите ќе се изврши јавно на ден 27.08.2024 година, во 13:00  часот. Превозниците кои ќе поднесат свои понуди може да присуствуваат на јавното отворање преку свои овластени претставници

 

 

 

.                                                                                                     ОПШТИНА РЕСЕН

                                                                                                          Градоначалник

                                                                                                         Јован Тозиевски