ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на членови за учество во партиципативно тело

ОПШТИНА РЕСЕН

                Врз основа на чл.46, ст. 3 од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РМ” бр.32/20 ), општина Ресен објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на членови за учество во партиципативно тело (тело што го формира единицата за локална самоуправа за обезбедување на поголема вклученост, учество и придонесување на граѓаните, како и јавност во процесот на урбанистичкото планирање, во чијашто работа учествуваат претставници на граѓанскиот и невладиниот сектор) при урбанистичкото планирање

 

1.Предмет на повикот

Предмет на повикот е формирање на партиципативното тело кое  општините, општините во град Скопје и градот Скопје, задолжително го формираат на иницијатива на градоначалникот или на останатите партиципиенти.

Телото се формира заради обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање.

 

2.Опфат, делокруг и ингеренции

Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на единицата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината.

 

3.Учество во повикот

Покрај лицата кои ќе учествуваат по службена должност (се мисли на лицата вработени во единицата на локалната самоуправа и лица од Комисијата за урбанизам кои градоначалникот ке ги назначи ), согласно овај повик може да се пријават лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

 

  1. Пријавување

Пријавувањето е доброволно и  ќе започне со денот на објавување на повикот во писмена форма на јавно место и на веб страната на општина Ресен во траење од 30 дена од објавување на повикот.

Бројот на пријавените членови не е ограничен истите може да се пријават лично во општина Ресен или преку пополнета пријава испратена по пошта.

 

 

 

Градоначалник на општина Ресен

                                                                                                         Живко Гошаревски