Јавен повик за линиски превоз

Врз основа на чл.23 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Ресен, бр.08-656/16 од 27.02.2015 год. општина Ресен објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК 03/2025

 

За добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз

 

  1. Предмет на јавниот повик е добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз за следните линии:

Дел 1. Назив на линија – Ресен – Долно Дупени – Брајчино – Ресен (преку, Царев Двор, Горна Бела Црква, Козјак, Долна Бела Црква, Подмочани, Грнчари, Рајца, Асамати, Курбиново, Претор, Сливница, Крани, Штрбово, Наколец и Љубојно), за период од 5 ( пет ) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз Дел 2. Назив на линија – Ресен – Езерени – Ресен, за период од 5 ( пет ) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз Дел 3. Сезонски линиски превоз на патници , 3 пакет линии, и тоа: 1. Ресен – Т.Н.Отешево – Ресен, 2. Ресен – Т.Н.Претор Ресен и 3. Ресен Т.Н.Крани Ресен, за период од 15 јуни до 31 август за период од 5 (пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз.

  1. Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз:
  • Да е впишан во Централниот регистар со регистрирано седиште на територија на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници или стока во патниот сообраќај;(доказ:тековна состојба издадена од Централен регистар на РСМ)

да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за финансиски лизинг за возила со најмалку осум седишта несметајќи го и седиштето на возачот(доказ: копија од сообраќајна дозвола или договор за лизинг);

  • да има вработено во работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по моторно возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;(доказ: приложува M1/M2 образец)
  • управителот или од него овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност на лице одговорно за превоз (доказ: приложена заверена копија од сертификатот)
  • Да има во сопственост или со правно дело (договор) за обезбеден простор за паркирање и одржување на возила со кои ќе се врши превозот.(доказ: имотен лист или Договор за за закуп, послуга за обезбеден простор).
  1. возилата со кои ќе го врши превозот да исполнуваат најмалку Еуро 2 стандард .
  2. да достави лиценца и изводи од лиценцата за вршење Општински линиски превоз
  • Критериуми за доделување на дозволи за вршење на општински линиски превоз:
  1. во целост ги исполнува условите одточка II. одјавниот повик,
  • понудена најниска цена (за секоја одделна линија)
  • во случај две или повеќе понуди да се доставени со иста понудена цена, предност ќе има првоподнесената понуда
  • Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:
  1. полн назив, седиште и адреса на превозникот,(тековна состојба на правното лице издадена од надлежен орган)
  2. матичен број и адреса на превозникот,
  3. број на линијата за која се однесува понудата,
  • Превозникот пополнува задолжителни информации за исполнување на условите за добивање на превоз согласно законските прописи, како доказ дека се исполнети законските прописи од Законот за превоз на патници, превозникот внесува податоци за сите лиценцирани возила со кои располага регистрирани на име на фирма или за кои има договор за лизинг, број на регистрација, марка и тип на возилото, број на шасија, број на мотор, број на седишта, датум на важност на регистрација, потврда за исполнување на техничко – експлоатациони услови, податоци за возачите кои се во редовен работен однос, податоци за платени придонеси, висина на чинење на возниот ред за бараната линија како во еден правецтака и за месечен возен билет.
  • Ценовник за линијата за кој доставува понуда

– Возен ред со број на опслужувања

Документите можат да бидат доставени во оргинал или копии заверени на нотар за докажување на исполнувањето на условите од точка 2 ( два ) од јавниот повик.

НАПОМЕНА:

  • Превозот на ученици до и од основните училишта, како до и од Средното општинско училиште на територија на општина Ресен ќе се одвива по цени согласно Одлуката за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на Општина Ресен бр.09-1139/1 („Сл. Гласник на општина Ресен” бр.6/2019), која Советот на општина Ресен ја донесе на седница, одржана на ден 30.05.2019 год.
  1. 3аинтересираните превозници-понудувачи може да поднесат понуда за сите наведени линии од точка I или за секоја линија одделно
  • Превозниците се обврзани да ги земаат и оставааат патниците од централните места во селските населби.
  • Почетна и крајна точка за влегување – слегување на патници ќе биде место кое дополнително ќе го определи Општина Ресен.
  • Доколку превозникот врши превоз на ученици, возниот ред мора да одговара со термините за одржување на училишна настава во основните и средните училишта на територија на општина Ресен.
  • Превозниците се обврзани редовно да ги опслужуваат линиите за кои добиле дозвола согласно регистрираниот возен ред.
  1. Добиените дозволи по овој Јавен повик ќе се издаваат по истекот на издадените важечки дозволи доколку истите ги поседува некој превозник за одредена линија.

Заинтересираните превозници треба да ги достават понудите во затворени коверти со назнака за Јавен повик 03/2025, најдоцна до 15.09.2025 година до 12:00 часот на следната адреса: Општина Ресен – Комисија за спроведување на јавниот повик,            Плоштад             „Цар      Самоил”,            бр.20,Ресен.

Отворањето на понудите ќе се изврши јавно на ден 15.09.2025 година, во 13:00 часот. Превозниците кои ќе поднесат свои понуди може да присуствуваат на јавното отворање преку свои овластени претставници .

 

 

ЈАВЕН ПОВИК за вршење општински линиски превоз