СООПШТЕНИЕ – ДЕЗИНСЕКЦИЈА

ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ПРВА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА РЕСЕН

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Ресен за спроведување на превентивна систематска дезинсекција и дератизација на територијата на Општината, Општина Ресен го издава следново соопштение:

Се известуваат граѓаните на подрачјето на Општина Ресен дека на ден 29.06.2023 г. (Четврток), ќе се спроведува ПРВА ФАЗА од теристичката(од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците, и дератизација на канализациона мрежа на подрачјето на Општина Ресен.

Третирањето со дератизација се опфатени 390 шахти и депонијата.
Запрашувањето дезинсекција ќе се врши во периодот од 20.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило, со предходница од друго возило означено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, крајбрежното подрачје со посебен осврт на туристичките локалитети: Стење, Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени и селата: Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Асамати, Штрбово, Наколец, течението на реките Брајчинска, Кранска, Голема Река и колекторскиот систем во село Езерани, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Ресен, локалитети со застојни водени површини и сите урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.