Свикана 39-та седница на Советот на Општина Ресен

Свикана 39-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 31.10.2019 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

              Ја свикувам 39-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 31.10.2019 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

– Усвојување на записникот од 30-та седница

– Усвојување на записникот од 38-та седница

  1. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2019 година.
  2. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2019 година.
  3. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари на СОУ “Цар Самоил” Ресен, ОУ “Гоце Делчев” Ресен и ОУ “Мите Богоевски” Ресен.
  4. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен во учебната 2019/2020 година.
  5. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен во учебната 2019/2020 година.
  6. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор во учебната 2019/2020 година.
  7. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Славејко Арсов’’ – с. Подмочани во учебната 2019/2020 година.
  8. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно во учебната 2019/2020 година.
  9. Годишен извештај  за работата на   СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен во учебната 2018/2019 година.
  10. Годишна програма за работа на   СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен во учебната 2019/2020 година.
  11. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен во 2018/2019 година.
  12. Годишна програма за работа на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен во 2019/2020 година.
  13. Предлог – Одлука за давање согласност за зголемување на бројот на деца во воспитни групи во ЈОУДГ ,,11 Септември’’ –  Ресен.
  14. Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор во ЈОУДГ ,,11-ти Септември’’ – Ресен.
  15. Решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог – Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2020 година.
  16. Разгледување на Информацијата и барање за надминување на проблемот од СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.17. Разгледување на основот на распишаните огласи за вработување, објавени од страна на Општина Ресен на ден 14.10.2019 година.