Свикана 37-та седница на Советот на Општина Ресен

Свикана 37-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 20.09.2019 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен

 

Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

              Ја свикувам 37-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 20.09.2019 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

        За седницата се предлага следниот

  Д Н Е В Е Н    Р Е Д

– Усвојување на записникот од 30-та седница

– Усвојување на записникот од 31-та седница

– Усвојување на записникот од 32-та седница

– Усвојување на записникот од 35-та седница

  1. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2019 година.
  2. Предлог – Буџетски Календар на Општина Ресен за подготовка на Буџетот на Општина Ресен за 2020 година.
  3. Предлог – Одлука за организирање и реализирање на манифестацијата  ,,Преспански јаболкобер 2019’’.
  4. Предлог – Одлука за доделување општински награди и признанија.
  5. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен за време на одржување на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ 2019 година.
  6. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на Општина Ресен.
  7. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен во учебната 2019/2020 година.
  8. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен во учебната 2019/2020 година.
  9. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор во учебната 2019/2020 година.
  10. Годишна програма за работа на   ОУ ,,Славејко Арсов’’ – с. Подмочани во учебната 2019/2020 година.
  11. Годишна програма за работа на   ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно во учебната 2019/2020 година.
  12. Годишен извештај за работата на   СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен во учебната 2018/2019 година.
  13. Годишна програма за работа на   СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен во учебната 2019/2020 година.
  14. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен во 2018/2019 година.
  15. Годишна програма за работа на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен во 2019/2020 година.
  16. Предлог – Одлука за давање согласност за зголемување на бројот на деца во воспитни групи во ЈОУДГ ,,11 Септември’’ –  Ресен.
  17. Предлог- Програма за измена и дополна на програмата Ф – Урбано планирање Ф10 – Урбанистичко планирање изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2019 година.
  18. Предлог- Одлуказа отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ДУП за Измени и дополнувања на ДУП УЕ3 ЗА ДЕЛ ОД  БЛОК 3 во Ресен Општина Ресен.
  19. Предлог- Одлуказа Oтпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ЛУПД  за  Изградба на објект за производство на електрична енергија-фотоволтаична централа на КПбр.4562, КПбр.4560, КПбр.4559/1 и КПбр.4559/2 м.в.,, Црвен,, КО Ресен со намена Е2 (супраструктура).
  20. Предлог- Одлука за Oтпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ЛУПД  за  Изградба на објект за производство на електрична енергија-фотоволтаична централа на на КП бр. 2562, м.в.,, Трајкова Куќа,,  КО Ресен со намена Е2 (супраструктура).
  21. Извештај за реализација на програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта за 2018 година.
  22. План за вработување за 2020 година на ЈОУДГ ,,11 септември’’ – Ресен.
  23. План за вработување за 2020 година на “Дом на културата Драги Тозија Ресен“.
  24. План за вработување за 2020 година на Општина Ресен.