Свикана 35-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.08.2019 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен
Врз основа на член 27 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 35-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.08.2019 годинa (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
-Усвојување на записникот од 34 седницa
- Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за збратимување на Општина Ресен со Општина Бар – Република Црна Гора.
- Предлог – Одлука за дислокација на опрема од градскиот пазар поради изведба на градежни работи за реконструкција и модернизација на регионален пазар во Ресен.
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на финансиско учество во реализација на проектот „Реконструкција на локален пат од с. Дрмени до с. Лавци, Општина Ресен “.
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за II квартал, Јануари – Јуни 2019 година.
- Годишен извештај за работата на ОУ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2018/2019 година.
- Годишен извештај за работата на ОУ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2018/2019 година.
- Годишен извештај за работата на ОУ,,Славејко Арсов’’ – с. Подмочани за учебната 2018/2019 година.
- Годишен извештај за работата на ОУ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2018/2019 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2019/2020 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2019/2020 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2019/2020 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ОУ ,,Славејко Арсов’’ – с.Подмочани за учебната 2019/2020 година.
13. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2019/2020 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен за учебната 2019/2020 година.
- Извештај за реализација на програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта за 2018 година.
- Извештај по Програма за локален економски развој на Општина Ресен за 2018 година.
- Извештај по Програма за поттикнување на развојот на туризмот во Општина Ресен за 2018 година.
- Извештај по Програма за прекугранична соработка на Општина Ресен за 2018 година.
- Извештај по Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен за 2018 година.
- План за вработување за 2020 година на ЈОУДГ ,,11 септември’’ – Ресен.
- План за вработување за 2020 година на “Дом на културата Драги Тозија Ресен“.