Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен („Службен гласник на Општина Ресен“ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

 

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Ја свикувам 10-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.04.2026 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

                                                           Д Н Е В Е Н  Р Е Д

-Усвојување на записникот од 9-та седница

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2026 година – 31.03.2026 година (прв квартал).
  2. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2026 година.
  3. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2026 година.
  4. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2026 година. (Донација К2)
  5. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2026 година.
  6. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 – Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2026 година.
  7. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен за 2026 година.
  8. Предлог – Одлука за донесување на ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА во споменик на природата Преспанското Езеро за 2026 година.
  1. Предлог – Одлука за времен престанок со работа на ПУ с.Сопотско при ОУ „Гоце Делчев“ Ресен.
  2. Предлог – Одлука за времен престанок со работа на ПУ с.Покрвеник при ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Царев Двор.
  3. Предлог – Одлука за одобрување на употреба на зборот „Ресен“ во името на Здружението за литература и култура „ПРЕСПАНСКИ ТРЕПЕРЕЊА РЕСЕН“ – Ресен.
  4. Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ООУ „Димитар Влахов“- с.Љубојно за 2026 година.
  5. Предлог – Одлука за формирање Општински совет за превенција од детско престапништво на Општина Ресен.

Напомена: Материјал по точката 7 од дневниот ред дополнително ќе Ви биде доставен.

 

 

 

 

 

 

Бр.08-1282/1                                                                                   Претседател

23.04.2026 година                                                                     Коста Замановски с.р

Ресен