Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен („Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

 

Ја свикувам 8- мата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.02.2026 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

                                                           Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  • Усвојување на записникот од 7-мата седница

 

  1. Предлог- Одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Oпштините Охрид, Битола и Ресен.

 

  1. Решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Oпштините Охрид, Битола и Ресен.

 

  1. Решение за констатирање престанок на мандат и именување на вршители на   должност членови на Управен одбор во ЈКП „ Пролетер “ Ресен.

 

  1. Решение за констатирање престанок на мандат и именување на вршители на должност членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈКП „Пролетер’’ Ресен.

 

  1. Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со што ќе се изврши усогласување на намените на бесправно изградениот објект, на КП бр.5096 во КО Ресен со намената на земјиштето предвиден според ДУП УЕ2, на барање на Васко Талевски од Ресен, ул. „29-ти Ноември“ бр.157

 

  1. Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП бр.462 во КО Евла, на барање на Тони Младеновски од Ресен, ул. „Иво Лола Рибар“ бр.17-29

 

  1. Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со што ќе се изврши усогласување на намените на бесправно изградените објекти, на КП бр.2511 во КО Ресен, со намената на земјиштето предвиден со ДУП Починалиште, на барање на Науме и Јордан Еленчевски од Ресен, ул. „Јосиф Јосифовски“ бр.213

 

  1. Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со што ќе се изврши усогласување на намените на бесправно изградените објекти, на КП бр.1722 во КО Јанковец и на КП бр.1743/1 во КО Јанковец, со намената на земјиштето предвиден со ДУП Починалиште, на барање на Науме и Јордан Еленчевски од Ресен, ул. „Јосиф Јосифовски“ бр.213

 

  1. Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со што ќе се изврши усогласување на намените на бесправно изградените објекти, на КП бр.2511 во КО Ресен, КП бр.1722 во КО Јанковец, на КП бр.1743/1 во КО Јанковец и на КП бр.1743/2 во КО Јанковец, со намената на земјиштето предвиден со ДУП Починалиште, на барање на Науме и Јордан Еленчевски од Ресен, ул. „Јосиф Јосифовски“ бр.213

 

  1. Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП бр.12 во КО Претор, на барање на Кристина Хаџиева од Скопје – Кисела Вода, ул. „Банско“ бр.7

 

  1. Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр.423 во КО Асамати, на барање на ООУ „Славејко Арсов“ од с. Подмочани – Ресен

 

  1. Предлог- Програма за дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2026 година.

 

  1. Извештај за реализација на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година.

 

  1. Годишен Извештај за безбедносната состојба на подрачјето на ПС ОН Ресен за 2025 година.

 

  1. Советнички прашања.

 

 

Бр.08-656/1                                                                                        Претседател

20.02.2026 година                                                                         Коста Замановски с.р

Ресен