Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен („Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

 

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

 

Ја свикувам 5-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 29.12.2025 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  • Усвојување на записникот од 4-та седница

 

  1. Предлог – Заклучоци против дезинформациите за мигрантски кампови и политичките манипулации.
  2. Предлог – Буџет на Општина Ресен за 2026 година.
  3. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2026 година.
  4. Буџетски календар на Општина Ресен за подготовка на Буџетот на општина Ресен за 2026 година.
  5. Предлог – Одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2026 година.
  6. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници во Општина Ресен за 2026 година.
  7.  Предлог – План за измена и дополнување на План на програми за развој на Општина Ресен за 2026-2028 година.

Бр.08-2884/1                                                                                     Претседател

19.12.2025 година                                                                    Коста Замановски с.р

Ресен