Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Ја свикувам 3-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.11.2025 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

–   Усвојување на записникот од 2-рата седница

 

  1. Предлог- Програма за работата на Општинската установа Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен за 2026 година.
  2. Предлог- Програма за дел од активностите и работа на Општинска организација на Црвен Крст на Ресен за 2026 година.
  3. Предлог – Одлука за престанок и давање на трајно користење на  движна ствар- машина за чистење на  канализација на ЈКП “Пролетер “ Ресен.
  4. Предлог – Одлука за престанок и давање на трајно користење  на  движна ствар- мини багер со гасеници и приколка на ЈКП “Пролетер “ Ресен.
  5. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Ресен за 2026 година.
  6. Предлог- Програма за спроведување на активности на спортски друштва и одржување на спортска инфраструктура во Општина Ресен за 2026 година.
  7. Предлог- Програма за културни активности што се финасираат од Буџет на Oпштина Ресен за 2026 година.
  8. Предлог- Програма за одбележување на значајни настани и личности Општина Ресен за 2026 година.
  9. Предлог- Програма за еднакви можности на жените и мажите во Општина Ресен за 2026 година.
  10. Предлог – Програма за активностите на Општина Ресен од областа на образованието во 2026 година.
  11. Предлог- Програма за реализација на активностите на Општина Ресен од областа на заштитата и спасувањето за 2026 година.
  12. Предлог-Програма за ревитализација по елиминирање на кризи во Општина Ресен за 2026 година.
  13. Предлог-Програма за спроведување на соодветни мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Ресен за 2026 година.
  14. Предлог- Програма за реализација на активности во областа на противпожарната заштита на Општина Ресен во 2026 година.
  15. Предлог- Програма за еколошка едукција за 2026 година.
  16. Предлог- Програма за активности на Mониторинг станицата на Преспанското езеро во с.Стење и инфо центарот на ПП Езерани во с.Езерани за 2026 година.
  17. Предлог- Програма ЈЕ – за изградба и одржување на сообраќајна сигнализација за подрачјето на Општина Ресен за 2026 година.
  18. Предлог- Програма ЈИ-изградба на канализациони системи ЈИО-изградба на фекални канализации во Општина Ресен за 2026 година.
  19. Предлог- Програма за работа во областа на располагање со градежното земјиште сопственост на Р. С Македонија за 2026 година.

 

Бр.08- 2661/1                                                                              Претседател

21.11.2025 година                                                                  Коста Замановски

Ресен