Ја свикувам 70-тата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 29.08.2025 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записникот од 69-та седница
- Годишна програма за работата на ОУ „Гоце Делчев“ – Ресен за учебната 2025/2026 година.
- Годишна програма за работата на ООУ „Мите Богоевски“ – Ресен за учебната 2025/2026 година.
- Годишна програма за работата на ООУ „Браќа Миладиновци“ – с.Царев Двор за учебната 2025/2026 година.
- Годишна програма за работата на ООУ „Славејко Арсов“ – с.Подмочани за учебната 2025/2026 година.
- Годишна програма за работата на ООУ „Димитар Влахов“ – с. Љубојно за учебната 2025/2026 година.
- Годишен извештај за работата на СОУ „Цар Самоил“ Ресен за учебната 2024/2025 година.
- Годишна програма за работата на СОУ „Цар Самоил“ Ресен за учебната 2025/2026 година.
- Предлог – Одлука за времен престанок со работа на ПУ с.Штрбово при ООУ „Димитар Влахов“ с. Љубојно.
- Предлог – Одлука за организирање и реализирање на манифестацијата на „Преспански јаболкобер 2025“.
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен за време на одржување на манифестации во 2025 година.
- Предлог – Одлука за доделување на општинско признание.
Бр.08- 2113/1 Претседател
22.08.2025 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен