Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

  Ја свикувам 68-мата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.07.2025 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

За седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  – Усвојување на записникот од  67-та  седница

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.2025 година – 30.06.2025 година (втор квартал).
  2. Годишен извештај за работата на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2024/2025 година.
  3. Годишен извештај за работата на ООУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2024/2025 година.
  4. Годишен извештај за работата на ООУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2024/2025 година.
  5. Годишен извештај за работата на   ООУ ,,Славејко Арсов’’ – с.Подмочани за учебната 2024/2025 година.
  6. Годишен извештај за работата на ООУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2024/2025 година.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Основно училиште „Гоце Делчев“ Ресен  за учебната 2025/2026 година.
  8. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основно училиште „ Мите Богоевски“ Ресен за учебната 2025/2026 година.
  9. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основно училиште „Браќа Миладиновци„ с. Царев Двор за учебната 2025/2026 година.
  10. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основно училиште „ Славејко Арсов с.Подмочани за учебната 2025/2026 година.
  11. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основно училиште „ Димитар Влахов„ с. Љубојно и за учебната 2025/2026 година.
  12. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОУ„ Цар Самоил “ Ресен за учебната 2025/2026 година.
  13. Предлог – Одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Ресен.
  14. Предлог – Решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Ресен.
  15. Предлог – Одлука за учество во спроведување на проектот: „Циркуларно земјоделство за рурален економски развој“ (Circular Agriculture for Rural Economic Development) акроним CARED.
  16. Предлог – Одлука за учество во спроведување на проектот: „Здравствена заштита отворена и инклузивна за сите“ (Healthcare open and inclusive for all)  акроним iCARE.
  17. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2025 година.
  18. Предлог- Годишен план за вработување за 2026 година на “ЈКП Пролетер“ Ресен.
  19. Предлог- Годишен план за вработување за 2026 година на Општина Ресен.

Бр.08-1834 /1                                                                         Претседател

21.07.2025 година                                                   Ирена Стрезовска  Кукуловска

Ресен