Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

  Ја свикувам 67-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.06.2025 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

                                – Усвојување на записникот од  66-та  седница

 

  1. Предлог- Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
  2. Предлог-Одлука за прифаќање донација – Противпожарно возило од Operation Florien Ltd  (Операција Флоријан ДОО Обединето Кралство).
  3. Предлог- Програма за дополнување на Програмата за активностите на Општина Ресен во областа на образованието во 2025 година.
  4. Предлог – Одлука за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
  5. Предлог-Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградени објекти на КП бр.412/1 во КО Сливница, на барање на Стефче Наумовски од с. Сливница, Ресен.
  6. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2025 година.
  7. Годишен план за вработување за 2026 година на ОУ Дом на култура ,,Драги Тозија“ Ресен.
  8. Годишен план за вработување за 2026 година на ЈОУДГ “11 ти Септември “ Ресен.
  9. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на ФК ,,Преспа,, Ресeн.

 

Бр.08-1562 /1                                                                         Претседател

20.06.2025 година                                                   Ирена Стрезовска  Кукуловска

Ресен