Ја свикувам 62-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.02.2025 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 61-та седница
- Предлог – Одлука за формирање на Верификациона комисија.
- Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Ресен.
- Предлог – Решение за именување на член на Комисијата за статут и прописи.
- Предлог – Решение за именување на член на Комисијата за јавни дејности.
- Предлог – Решение за именување на член на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите.
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
- Предлог – Одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините: Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод.\
- Предлог – Решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините: Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод.
- Предлог – Одлука за резервирани средства за експропријација во Буџетот на општина Ресен за 2025 година.
- Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешната организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Ресен.
- Советнички прашања.
Бр.08-598/1 Претседател
21.02.2025 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен