Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен (“Службрн гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21), донесувам,
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 61-вата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 31.01.2025 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 60-та седница
- Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на советник.
- Предлог-Решение за разрешување на член на Комисијата за статут и прописи.
- Предлог-Решение за разрешување на член на Комисијата за јавни дејности.
- Предлог-Решение за разрешување на член на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите
- Извештај за работата на Совет на Општина Ресен за 2024 година.
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2024 година – 31.12.2024 година (четврт квартал)
- Предлог- Одлука за проширување на средства на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година
- Предлог- Одлука за одредување на вредноста на градежно земјиште за градот Ресен и селата во Општина Ресен и за одредување на вредноста на земјоделското земјиште по катастарски општини.
- Предлог- Програма за дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2025 година.
- Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект КП бр.198 во КО Kозјак, на барање на Ана Крстевска од Ресен.
- Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект КП бр.1936/2 во КО Ресен вонград, на барање на Деанче Ангелов од Ресен, ул. „Крсте Мисирков“ бр.28, Ресен.
- Предлог- Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект КП бр.349/1 во КО Асамати, на барање на Шабан Бекири од с. Асамати – Ресен.
- Решение за разрешување и именување на член на Училишен одбор на ОУ “Гоце Делчев“ Ресен.
- Решение за разрешување и именување на член на Училишен одбор на ОУ “Мите Богоевски“ Ресен.
- Решение за разрешување и именување на член на Училишен одбор на ОУ “Димитар Влахов“ с.Љубојно.
- Решение за разрешување и именување на член на Училишен одбор на ОУ “Браќа Миладиновци“ с.Царев Двор
- Решение за разрешување и именување на член на Училишен одбор на ОУ “Славејко Арсов“ с.Подмочани
- Годишен Извештај за безбедносната состојба на подрачјето на ПС ОН Ресен за 2024 година.
- Разгледување на Барањето со детален опис на опрема од раководителот на Службата за онкологија и палијативна терапија –Клиничка болница Битола.
- Советнички прашања.
Напомена: Mатеријал по точкa 5 од дневниот ред дополнително ќе Ви бидe доставен.
Бр.08- 301/1 Претседател
24.01.2025 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен