Ја свикувам 55-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 29.10.2024 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записникот од 54-та седница
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2024 година – 30.09.2024 година (трет квартал)
- Предлог- Решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог-Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2025 година.
- Предлог- Решение за разрешување член во Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог- Решение за формирање на Комисија за селекција на еден кандидат за избор на член во Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта ЈД0-изградба ,реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Ресен во 2024 година.
- Предлог- Програма за дополнување на Програмата ЈГ – изградба, реконструкција и одржување на водоводи за 2024 година.
- Предлог – Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи на Општина Ресен.
- Предлог-План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на Општина Ресен.
- Советнички прашања.
Бр.08-2059 /1 Претседател
22.10.2024 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен