Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен (“Службрн гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21), донесувам,
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 52-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.08.2024 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записнкот од 51-та седница
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2024/2025 година.
- Годишна програма за работата на ООУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2024/2025 година.
- Годишна програма за работата на ООУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2024/2025 година.
- Годишна програма за работата на ООУ ,,Славејко Арсов’’ – с.Подмочани за учебната 2024/2025 година.
- Годишна програма за работата на ООУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2024/2025 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Основното училиште „Гоце Делчев“ Ресен за учебната 2024/2025година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основното училиште „ Мите Богоевски“ Ресен за учебната 2024/2025 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основното училиште „Браќа Миладиновци„ с. Царев Двор за учебната 2024/2025.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основното училиште „ Славејко Арсов с.Подмочани за учебната 2024/2025 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основното училиште „ Димитар Влахов„ с. Љубојно и за учебната 2024/2025 година.
- Годишен извештај за работата на СОУ “Цар Самоил“ Ресен за учебната 2023/2024 година.
- Годишна програма за работата на СОУ ,,Цар Самоил Ресен,’ – Ресен за учебната 2024/2025 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОУ„ Цар Самоил “ Ресен за учебната 2024/2025 година.
- Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2024 година.
- Предлог –Одлука за резервирани средства за експропријација во Буџетот на општина Ресен за 2024 година.
- Предлог-Одлука за организирање и реализирање на манифестацијата на “Преспански јаболкобер 2024“.
- Предлог- Одлука за дополнување на Одлуката за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен.
- Предлог – Измена на Годишен план за вработување за 2024 година во ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог – Годишен план за вработување за 2025 година во ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог – Годишен план за вработување за 2025 година во Општина Ресен.