Ја свикувам 51 -вата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 24.07.2024 година (Среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записникот од 50-та седница
- Предлог-Одлука за формирање на Верификациона комисија.
- Предлог- Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Ресен
- Предлог-Решение за именување на претседател и член на Комисијата за финансирање, буџет и локален развој.
- Предлог-Решение за именување на член на Комисијата за доделување на општински признанија и награди.
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2024 година – 30.06.2024 година ( втор квартал)
- Годишен извештај за работата на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2023/2024 година.
- Годишен извештај за работата на ООУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2023/2024 година.
- Годишен извештај за работата на ООУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2023/2024 година.
- Годишен извештај за работата на ООУ ,,Славејко Арсов’’ – с.Подмочани за учебната 2023/2024 година.
- Годишен извештај за работата на ООУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2023/2024 година.
- Предлог- Решение за формирање на Комисија за селекција на двајца кандидати за избор на членови на Управен одбор на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
Бр.08-1425/1 Претседател 17.07.2024 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен