Ја свикувам 48-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 23.05.2024 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 47 мата седница
- Предлог – Програма за измена на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен за 2024 година.
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект КП бр.1487 во КО Ресен вонград, на барање на Ерсан Исмаиловски од Ресен.
- Предлог -Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр.1487 во КО Ресен вонград, на барање на Биљал Исмаиловски од Ресен.
- Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог-Решение за разрешување и именување на член на управен одбор на ЈЗУ “ Здравствен дом “ Ресен.
- Предлог – Одлука за давањe согласност на Одлуката за утврдување на цена за водна услуга „снабдување со вода за пиење-водоснабдување„ согласно која давателот на услугата ќе ја врши спрема крајните корисници во подрачјето каде истата се обезбедува и тоа во периодот од 2024-2026 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цена за водна услуга „собирање и одведување на урбани отпадни води„ согласно која давателот на услугата ќе ја врши спрема крајните корисници во подрачјето каде истата се обезбедува и тоа во периодот од 2024-2026 година .
- Предлог- Одлуака за давање согласност на Одлуката за утврдување на цена за водна услуга „прочистување на отпадни води“ согласно која давателот на услугата ќе ја врши спрема крајните корисници со подрачјето каде истата се обезбедува и тоа во период од 2024-2026 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за одржување на јавна чистота во градот Ресен.
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување висината на надоместокот за одржување на гробно место (гробарина), висината на надоместокот за доделување на употреба на гробно место и висината на надоместокот за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објекти во градот Ресен
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместок за вршење на услуги кои давателот ги дава кон корисниците на комунални услуги (физички и правни лица), а се поврзани со редовно вршење на комуналните дејности кои ги врши на територијата на Општина Ресен.
Бр.08- 1024/1 Претседател 16.05.2024 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен