Ја свикувам 45-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 13.02.2024 година (Вторник) во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
– Усвојување на записникот од 43 -та седница
Предлог- Одлука за доделување на парична помош.
Предлог –Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2024 година.
Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на локални улици и патишта за 2023 година
Напомена: Записникот од претходната седница и материјали по точките 1 и 3 дополнително ќе Ви бидат доставени.
Бр.08-386 /1 Претседател
06.02.2024 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен