Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Советот на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021) донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Советот на Општина Ресен

 

   

Ја свикувам 44-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 22.01.2024 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

За седницата се предлага следниот

 

ДНЕВЕН РЕД

 

 

– Усвојување на записникот од  43 -та  седница

 

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2023 година – 31.12.2023 година (четврт квартал)

 

  1. Предлог- Олука за измена на распоредот на средства во Буџетот на Општина Ресен за 2024 година.

 

  1. Предлог- Одлука за одредување на вредноста на градежно земјиште за градот Ресен и селата во Општина Ресен и за одредување на вредноста на земјоделското земјиште по катастарски општини.

 

  1. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства на  Здружение за рурален развој -Локална акциона група Преспа.

 

  1. Предлог- Програма за дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2024 година.

 

  1. Одлука за резервирани средства за експропријација во Буџетот на општина Ресен за 2024 година.
  2. Решение за разрешување и именување на член во училишен одбор на ООУ “ Славејко Арсов“ с.Подмочани.

 

  1. Советнички прашања.

 

 

Бр.08- 140/1                                                                        Претседател

15.01.2024 година                                                   Ирена Стрезовска Кукуловска

Ресен