Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Советот на Општина Ресен
Ја свикувам 41-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 15.11.2023 година (Среда) во 12:30 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
– Усвојување на записниците од 39-та и 40 -та седница
- Предлог- План на програми за развој на Општина Ресен за 2024-2026 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на Јавна Општинска установа детска градинка “11 Септември“ Ресен.
- Советнички прашања.
Напомена: Материјали по точка 1 од дневниот ред и записниците од 39-та и 40 -та седница дополнително ќе Ви бидат доставени.
Бр.08-2397/1 Претседател
08.11.2023 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен