Ја свикувам 35 -та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 29.08.2023 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записникот од 34-та седница
- Предлог-Одлука за формирање на Верификациона комисија.
- Предлог- Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Ресен.
- Решение за разрешување и за именување на член на Комисијата за статут и прописи.
- Решение за разрешување и за именување на член на Комисијата за јавни дејности.
- Решение за разрешување и за именување на член на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите.
- Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за ЈД-Изградба и реконструкција на локални патишта ЈД0-изградба ,реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Ресен во 2023 година.
- Годишен извештај за работата на СОУ “Цар Самоил“ Ресен за учебната 2022/2023 година.
- Годишна програма за работата на СОУ ,,Цар Самоил Ресен,’ – Ресен за учебната 2023/2024 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОУ„ Цар Самоил “ Ресен за учебната 2023/2024 година.
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2023/2024 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Основното училиште „Гоце Делчев“ Ресен за учебната 2023/2024година.
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2023/2024 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Основното училиште „ Мите Богоевски“ Ресен за учебната 2023/2024година.
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2023/2024 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Основното училиште „Браќа Миладиновци„ с. Царев Двор за учебната 2023/2024.
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Славејко Арсов’’ – с.Подмочани за учебната 2023/2024 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Основното училиште „ Славејко Арсов с.Подмочани за учебната 2023/2024 година.
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2023/2024 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Основното училиште „ Димитар Влахов„ с. Љубојно и за учебната 2023/2024 година.
- Предлог-Годишен план за вработување за 2024 година на ОУ Дом на култура ,,Драги Тозија “Ресен
- Предлог-Годишен план за вработување за 2024 година во ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог-Одлука за организирање и реализирање на манифестацијата на “Преспански јаболкобер 2023“.
- Предлог- Одлука за доделување општински награди и признанија.
- Предлог- Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен за време на одржување на манифестацијата “Преспански јаболкобер 2023“.
Напомена: Материјали по точките 21 и 23 дополнително ќе Ви бидат доставени, за 20 та точка Ви е доставен со материјалите од претходната седница додека Годишните програми за работа на основните училишта и Годипната програма за работа како и Извештајот за работа на средното училиште ги добивате електронски на Вашите емаил адреси и на УСБ стик.
Бр.08-1845/1 Претседател 22.08.2023 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен